Отворена е телефонска линија за консултација и советување за лица со деменција и нивни негуватели.
Од Универзитетската клиника за неврологија информираат дека пациентите може во периодот од 11:00 до 13:00 часот, во понеделник и среда, да се јават на телефонскиот број 075/277-806 во амбулантата за деменции за консултација и советување.
„Повозрасните лица се особено чувствителни на кризни состојби и природни катастрофи, а ова за жал се потврдува токму во овој период кога сите ние живееме во услови на променета дневна рутина поради пандемија со болеста предизвикана од корона вирусот Ковид-19.
Во светот повеќе од 50 милиони лица живеат со деменција, а на секои три секунди се дијагностицира нов случај. Лицата кои живеат со деменција имаат ограничен пристап до информации и факти за пандемијата со Ковид-19, а имаат и потешкотии да ги запомнат препораките за безбедно однесување и заштита (пр. носење на маска) или во разбирањето на информациите од јавно здравствен карактер (почитување на времето одредено со полициски час).
Ненамерното, а условено од самата болест, непочитување на предупредувањата и препораките за социјално дистанцирање, потенцијално ги изложува на поголем ризик и можност за инфекција,“ се вели во соопштението од Клиниката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како пациенти со кардиолошки заболувања да се заштитат од корона вирусот
Совети за пациенти со онколошки заболувања во време на корона вирусот
Препораки за пациенти со бубрежни заболувања во услови на пандемија со корона вирусот