Во текот на изминатите 24 часа, документирано е дека 98 лица не ја почитувале забраната за движење, а од нив 67 се приведени, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 140 лица потпишале изјави за самоизолација.
„Притоа, во рамки на редовните полициски контроли кај лица во изолација и самоизолација не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки“, соопшти МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Само во Македонија: Протест во скопски Ченто сред полициски час
Убава вест: 44 лица оздравени од коронавирусот во Македонија
(ФОТО) Ова се здравствените работници од првата борбена линија со коронавирусот
Кај 76,4% од починатите од коронавирусот во Македонија регистрирана хронична и здравствени состојби