еМагазин
Image default
Македонија

Пратеничката на СДСМ, Кети Смилеска позитивна на коронавирусот

Пратеничката од СДСМ, Кети Смилеска од Прилеп е позитивна на коронавирусот, потврди таа за Плусинфо.

Таа е хоспитализирана во прилепската болница. Резултатот го добила вчера, а од саботата е во болница.

„Се тестирав бидејќи имав симптоми. Прво почувствував општа малаксаност и болки во мускулите. Потоа имав висока температура, болки во градниот кош и во грбот, а од вчера и болки во грлото.

Од саботата сум хоспитализирана во болницата во Прилеп. Немам никакви индиции од кого и кога сум се заразила, бидејќи постојано бев дома. Контактирав само со сопругот, кој работи во трговија. И тој се тестираше, но неговите резултати сѐ уште не се готови„, вели таа за Плусинфо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Десет новозаразени со корона вирусот во Прилеп, тројца починати

Починаа уште шест лица заболени од корона вирусот

Нови 54 случаи на заразени од корона вирусот, вкупно 908 лица

Фото: Фејсбук/Смилеска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адвокатот Миланов побара ослободителна пресуда за обвинетиот Андреј Костовски за случајот со убиството на ракометарот Тот

Редакција

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15%

Редакција

Извор од ДУИ: Предвремени избори во јуни, ако нема датум за преговори

Редакција