еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Г.г Стефан со апел до верниците: За Велигден да се придржуваат до препораките и да се молат дома

Г.г Стефан упати велигденско послание во кое ги повика граѓаните да се воздржат од одење во црква, туку да се молат во своите домови.

„Поминуваме низ еден период кој од нас бара послушност и воздржување. Појавата на корона – вирусот во светот, а воедно и во нашава земја, нè натера да внимаваме и на нашето и на здравјето на нашите ближни.

Затоа, да се придржуваме по советите и мерките изречени од надлежните институции, и сите заедно да придонесеме да се намали и спречи ширењето на заразата. На нашите верници им советуваме да истраат и да не се вознемируваат затоа што не можат да присуствуваат бројно на светите богослужби во храмовите, и им препорачуваме да се молат во своите домови и срца, за Бог да нè избави од оваа опасна болест.

Да се молиме и за медицинските лица, полицијата и војската кои напорно се грижат за заболените и за редот во државата. Да се молиме за заболените да оздрават, како и за спасение на душите на оние кои не ја добија битката со болеста. Да се молиме Бог да ни ги прости нашите гревови и да нè помилува, зашто само Бог ни е прибежиште и сила, и докажан помошник во неволја.

Затоа, во маката да бидеме трпеливиа во молитвата постојани, зашто Воскреснатиот Господ е нашата надеж. Нека овој период ни биде време за покајание и за засилена молитва. Искушенијата што нè снајдоа нека ни бидат за утврдување во верата и за духовно напредување.

Сè е возможно за оние што веруваат, зашто Господ знае како да ги избавува побожните од искушенија. Воскреснатиот Спасител е Лекарот на душите и телата, и Тој лекува и обновува, ја осветува и ја вознесува човечката природа. Затоа, и не само во овие празнични денови, туку постојано и насекаде да ја живееме светоста на нашата христијанска вера, на верата што го победи светот.

Да ја споделиме со сите радоста на Воскресението на вечниот Лечител, и никогаш да не заборавиме на тоа дека колку сме поблиски до Бога, толку и Бог ќе биде близу до нас!

Како што веќе обзнанивме, годинава се навршуваат 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир. Тоа е годишнина со која би се гордееле секој народ и секоја Црква. Со Божја помош и со застапништвото на светиот Јован Крстител, Македонската Православна Црква, заедно со државните институции, достоинствено ќе го одбележи милениумското постоење и ќе ја истакне улогата и местото на ова големо светилиште во духовниот живот на македонскиот народ, и во минатото, и во сегашноста и, секако, во иднината,“ се вели во посланието на г.г Стефан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе ја „оплескаме“ ли со коронавирусот за Велигден?

Пратеничката на СДСМ, Кети Смилеска позитивна на коронавирусот

Починаа уште шест лица заболени од корона вирусот

Кризниот штаб бара двонеделен карантин за Куманово поради забрзаното ширење на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас од Охрид ја повика Бугарија да направи исчекор напред

Редакција

(Вознемирувачко видео) Тројца загинати по напад со калашников на автобус со ученици во Косово

Редакција

Регулативата на ЕУ, што ќе стапи во август, забранува споделување верска и етничка припадност, порача евроамбасадорот Гир

Редакција