еМагазин
Image default
Бизнис

Рокот за плаќање на ланската закупнина за државно земјиште продолжен до 31 октомври 2020 година

На предлог на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата на денешната седница ја донесе Уредбата за дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за земјоделското земјиште за време на Вонредна состојба со која заради надминување на економските потешкотии на закупците кои ќе настанат заради вонредната состојба поради епидемијата се продолжува рокот за плаќање на годишната закупнина за 2019 година до 31 октомври 2020 година, соопштија од прес-службата на Владата.

Воедно од таму известија дека нема да се врши еднострано раскинување на договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост заради неплатена годишна закупнина до 31 октомври 2020 година.

Исто така денеска е усвоена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за возила за време на вонредна состојба, се одложува рокот за продолжување на овластувањата на правните лица за вградување на уреди за погон на течен нафтен гас и компримиран земјен гас и се продолжува за 60 дена од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.

– Со оваа Уредба, важноста на решението за овластувањето на техничка служба за работите кои ги вршат правните лица кои се овластени со решение од Министерството за економија, на предлог за овластување за техничка служба од органот за одобрување, а врз основа на издаден Сертификат за акредитација од органот за оцена на компетентност, чиј рок  на важење е истечен или ќе истече за време на траењето на вонредната состојба, се продолжува за време на траењето на вонредната состојба, соопштија од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германија, Финска и Хонг Конг со нови ковид-протоколи за македонските граѓани

Редакција

АХВ вработува советници, инспектори и референти, плата до 25.123 денари

Редакција

Извозот лани зголемен за 21,8 отсто, најмногу се тргувало со Германија и Грција

Редакција