еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Прeпорaки за хронични пациенти со ревматски заболувања како да се штитат за време на корона вирусот

Во услови на пандемија со вирусот Ковид-19, хроничните пациенти со ревматски заболувања спаѓаат во групата на  високоризични пациенти.

Поконкретно, станува збор за пациенти со некротизирачки васкулопатии, системски еритемски лупус, дерматомиозитис, системска склероза, како и пациенти третирани со биолошка или комбинирана имуномодулаторна терапија.

„Поради високиот ризик, овие пациенти треба да бидат во домашна самоизолација, а при контакт со други лица да ги преземат препорачаните заштитни мерки и да носат заштитна маска и ракавици.

Во однос на здравствената сотојба на основното ревматско заболување, на овие пациенти им се препорачува да консултираат матичен лекар и специјалист ревматолог кој им ја следи состојбата.

За сите потребни стручни консултации, пациентите како и нивните матични лекари може да се обратат на Клиниката за ревматологија на контакт телефонот: 02 3 147 110 и на mail-адресата [email protected].

На оваа mail-адреса матичните лекари можат да испраќаат и резултати од извршени анализи и испитувања на пациентите за дополнителна консултација со Клиниката.

Тие ќе бидат разгледани од страна на специјалист ревматолог и доколку е потребно ќе биде дадена соодветна дополнителна препорака,“ велат од Клиниката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Препораки за пациенти со бубрежни заболувања во услови на пандемија со корона вирусот

Кардиоваскуларните заболувања во време на пандемија со корона вирусот

Совети за пациенти со онколошки заболувања во време на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст од 5,9%: За една недела 36 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19

Редакција

Заев апелира да нема собирања по домовите за време на претстојните слави: Да не си играме со здравјето и животот

Редакција

Денеска претпладне сончево време, попладне пороен дожд и грмежи

Редакција