еМагазин
Image default
Локално

Приведени тројца штипјани под сомнение дека ограбиле аптека во Скопје

На 14.04.2020 во 13.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Климент Охридски“, во аптека, маскирано лице со закана со нож од вработената ги одзело парите од дневниот промет, информира МВР.

По преземени мерки од полициски службеници, поради основано сомнение за извршување на споменатото кривично дело, биле приведени Р.А.(30), С.Ѓ.(20) и В.А.(20) сите од Штип, кои биле со возило „голф“, со штипски регистарски ознаки.

При извршениот преглед кај Р.А. била пронајдена и марихуана. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во „Ивеко“ откриени 46 мигранти

Редакција

Овчар останал „заробен“ со овците заради надојдената Црна Река

Редакција

Пожар во куќата ги разбудил додека спиеле

Редакција