еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Уметничка акција: Облечете папучи и „Седете дома” 

Уметничката акција „Седете дома” е наменета да им помогне на граѓаните да истраат во физичката изолација и сведувањето на излегувањето на минимум во овие мигови кога изолацијата е можеби најефикасното средство за борба против епидемијата.

За претстава на оваа интервенција ги избравме папучите кои претставуваат синоним за останување дома, како неизбежен дел од „домашната мода” за време на изолација.

„Со оваа акција како и со претходната акција („Држете растојание”) сакаме да ги охрабриме граѓаните да издржат во оваа за сите нас многу важна битка, но и да покажеме дека уметноста и културата и во овие тешки моменти се со граѓаните и дека сите мора да бидеме сплотени за да си го вратиме животот во нормала.

Како и претходно и оваа акција ја посветуваме на здравствените работници кои секојдневно се жртвуваат за подобро утре за сите нас,“ информираат организаторите.

Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапно и секвенцијално од страна на различни автори.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен првиот контакт центар за глуви и наглуви

Редакција

Нови наслови од македонски автори во издание на Паблишер

Редакција

650 деца и млади од 10 земји ќе се дружат и ќе учат на „Џифони Македонија“

Редакција