По информацијата дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на Ковид-19, а кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово, од Владата преку соопштение информираат дека и министерот за образование Арбер Адеми кој присуствувал на состанокот, во моментов оди во домашна изолација.
Претходно веќе беше соопштено дека во домашна изолација поради истата причина одат и премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и вицепремиерот Бујар Османи.
Како што соопштија од владината прес-служба, на состанокот во Куманово сите функционери во Владата ги почитувале протоколите за заштита и носеле заштитна опрема.
Оттаму додаваат дека работата на Владата продолжува да се одвива непречено преку дигиталните алатки за комуникација и за одржување состаноци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Од денеска ќе бидам во домашна изолација
Во самоизолација оди премиерот Оливер Спасовски
Османи оди во самоизолација, и покрај проценката на епидемиолозите дека бил заштитен
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски заболен од корона вирусот
Фото: Адеми/Фејсбук