еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи оди во самоизолација, и покрај проценката на епидемиолозите дека бил заштитен

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи ќе оди во домашна самоизолација, информираше тој на неговиот фејсбук-профил.

Оваа одлука следува откако тој вчера се сретна со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој е позитивен на корона вирусот.

Османи на Фејсбук напиша дека и покрај тоа што епидемиолозите процениле дека бил доволно заштитен, со маска и ракавици, сепак тој одлучил да биде во самоизолација.

Затоа, како што информира, не отишол на Советот за безбедност кај претседателот. Тој ќе биде тестиран во вторник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Од денеска ќе бидам во домашна изолација

По вчерашната средба со Димитриевски: Филипче, Спасовски, Османи и Адеми најверојатно одат во самоизолација

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски заболен од корона вирусот

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дисциплински за адвокатите: Предметот „Т.Н.Т“ нема да се преведе на албански јазик

Редакција

И директорот на ЈП Лајка, Воислав Димитровски поднесе оставка

Редакција

(Галерија) Цела Влада на миса на папата Франциск

Редакција