еМагазин
Image default
Македонија

Една корисничка и две вработени во Дом за стари лица во Куманово позитивни на коронавирусот

Една корисничка и две вработени од Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово се позитивни на коронавирусот, соопштија од установата. Резултатите ги потврдил Центарот за јавно здравје Куманово.

-Вработените се во изолација од седми април годинава, кога беа тестирани со други вработени од персоналот. Тестирањето беше иницирано по несреќен случај на враќање од лекување на наша корисничка која претходно била хоспитализирана во болница заради други неодложни здравствени проблеми и сместена во домот во соба за изолација, изјави директорот на установата, Дејан Стојановски.

Во домот нема други заразени, ниту помеѓу корисниците, ниту помеѓу вработените.

Од почетокот на ширењето на вирусот, додава Стојановки, преземени се мерки и вработените користат заштитна опрема.

МИА/Фото: Општина Куманово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Куманово го надмина Дебар: На 100.000 жители регистрирани 183,6 заболени од коронавирусот

10 члена на општинскиот кризен штаб на Куманово позитивни на коронавирусот

Убава вест: Негативни резултати за двајца штипски инфектолзи и главната медицинска сестра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Национални шуми: Граѓаните да не палат оган на отворено, да не се фрлаат шишиња

Редакција

34-годишник и неговата фирма ќе одговараат за злоупотреба на лични податоци на тројца лекари

Редакција

(Фото) НАТО ни донираше 60 респиратори

Редакција