еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Негативни резултати за двајца штипски инфектолзи и главната медицинска сестра

Негативни се резултатите за двајцата инфектолози и главната медицинска сестра на штипското Инфективно одделение, кои во изминатиот период беа секојдневно на своите работни места и работеа во услови кога 14 здравствени работници беа во самоизолација, информира денеска директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев.

Тој посочува дека ова е позитивна веста, а здравствените работници кои се буквално на првите борбени линии им помагаат на хоспитализираните пациенти кои се на лекување од Ковид 19, истовремено и добро се заштитуваат.

На ова одделение во текот на викендот на работа треба да се вратат 10 здравствени работници, кои по вториот тест се покажаа дека се негативни.

-Се прават нови распореди за работа на медицинскиот персонал на ова одделение. Во моментов на штипското Инфективно одделение имаме тројца инфектолози од Штип, се врати едниот инфектолог кој по вториот тест се покажа дека е негативен, на помош ни доаѓа и инфектологот од Кочани, вели Ѓеорѓијев.

На ова одделение денеска се лекуваат осум пациенти заразени со коронавирусот од целиот источен регион, еден пациент од вчера попладнето е испратен на Клиниката за инфективни болести. На одделението остануваат и пет сомнителни случаи.

МИА и претходно информираше дека позитивни на коронавирусот се вкупно шест здравствени работници од Клиничка болница-Штип, од кои двајца лекари, инфектолог и анестезиолог, потоа две медицински сестри и двајца болничари.

Во самоизолација се четворица здравствени работници од одделението за ортопедија.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Ќе изгледаат ли вака плажите во Грција во време на пандемија со коронавирусот

Mиењето раце е подобра превентивна мерка за инфекција од коронавирусот отколку носењето на ракавици за еднократна употреба

Детален преглед: Рекорден број на новозаразени со коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Инфективна за корона вирус се тестира лице од Струмица, двајца Бугари во Битола во изолација

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против Џафери, Ибраими и Костовски за Законот за јазици

Редакција

Алијанса за Албанците и Алтернатива се против одложување на пописот, ќе го искористат Бадинтер во Собранието

Редакција