еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Скопјани навалија на ќебапчиња: „Дестан“ не може да постигне од нарачки

Една од најпопуларните скопски ќебапчилници – „Дестан“ реши да се прилагоди на новонастаната сотојба и да овозможи достава на уникатните ќабапи.

На 17 април на нивната Фејсбук-страна објавија дека граѓаните ќе може да ги јадат највкусните ќебапчиња и за време на полициски час.

„Нарачајте на: 02/3127-324. Бесплатна достава до Вашиот дом! Останете дома и почитувајте ги препораките на Министерството за здравство! Ние работиме за Вас! Ви посакуваме добро здравје!Среќни Велигденски празници!“, напишаа од „Дестан“.

Веќе утредента на 18 април, од „Дестан“ напишаа дека заклучно со 19 часот завршуваат со нарачки поради потрошени залихи. Оттаму се извинија и најавија продолжување со редовна работа за наредниот ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изработена интерактивна мапа за достава на храна и лекови за време на полицискиот час во Скопје

Веро врши достава на производи до дома викендов, нарачките се прават телефонски

Листа на маркeти што ќе вршат достава до граѓаните во Куманово

Фото: Фејсбук/Дестан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ленче Ристоска со емотивна порака за последниот работен ден на вработените во СЈО

Редакција

Левица поднесе кривична пријава против Шкодране Дардишта од ДУИ, која повика на војна

Редакција

По којзнае кој пат, оштетена спомен-плочата кај Карпалак

Редакција