еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Левица поднесе кривична пријава против Шкодране Дардишта од ДУИ, која повика на војна

Правниот сектор на Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против актуелната владина членка на Одборот на директори на АД „Телеком“ и поранешна директорка предложена од ДУИ на заедничките служби на Клиничкиот центар во Скопје – Шкодране Дардишта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ – казниво по чл. 319, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, со запретена затворска казна од една до пет години, информираат од партијата.

„Пријавената се терети дека по пат на информациски систем, на социјалната мрежа Фејсбук, објавила заканувачки статус во кој се повикува на Војната од 2001 година, во која животот го загубија стотици македонски граѓани.

Кривичното дело е сторено против државата и нејзините државјани, со цел да се повредат националните чувства на Македонците, а инспирирано од длабока национална омраза и меѓуетничка нетрпеливост.

Побудите од кои се водела обвинетата при вршење на ова кривично дело се понижување на безбедносниот систем, т.е. упатување отворена закана по јавната безбедност на државата, преку повикот за напад врз државните институци и преку сеење страв и загрозување на сигурноста на сите граѓани кои живеат во Републиката и кои истата ја чувстуваат и сакаат како своја татковина.

Очекуваме надлежното ОЈО – Скопје, сериозно и експедитивно да ја земе во работа оваа наша издржана кривична пријава и по неопходниот распит на пријавената, како и по комплетирање на целокупната релевантна документација за овој кривичноправен настан, да покрене обвинение против дотичната,“ информираат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе испитува, па ќе одлучува дали ќе ја повлече Дардишта од Одборот на директори на Македонски телеком

еМагазин открива: Колкав надоместок зема во Македонски телеком Дардишта од ДУИ, која се закани со војна

Телеком се огради од Дардишта: „Очекуваме реакција од Владата која ја постави како независен член на Одборот на директори“

Фото: Фејсбук/Дардишта

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска во Собранието продолжува расправата за реконструкција на Владата

Редакција

Рускоска вели дека здравствената состојба на Боки 13 е во ред

Редакција

Од Ковид-19 починаа две лица со коморбидитети

Редакција