Владата прво ќе истражува, а потоа ќе одлучува за заканата за војна од страна на Шкодране Дардишта, кадар на ДУИ и преставник на Владата во Одборот на директори во Македонски телеком, каде Владата е еден од најголемите акционери.
“Сите избрани и именувани функционери се должни да го почитуваат Кодексот за етичко постапување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од Владата.
Во спротивно се покренува иницијатива за испитување одговорност и нивно разрешување, доколку се потврди дека го прекршиле Кодексот.
Принципиелно, како и во неколку досегашни случаи, Владата пристапува со сериозност и на овој случај“, информираат од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По заканата за војна, Дардишта од ДУИ на „тапет“ на Твитер
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.