еМагазин
Image default
Македонија

Заради трговија со дрога​ побаран притвор за 38-годишен државјанин на Албанија

Основното јавно обвинителство – Охрид донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 38-годишен државјанин на Албанија, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик, информираат од Јавно обвинителство.

Осомничениот, се вели во соопштението од ЈО, на 7 ноември 2021 година во 20:00 часот, во Дебарца, бил запрен од полициски службеници, додека управувал со патничко моторно возило „Ситроен Берлинго“ со албански регистарски ознаки и во сопственост на друго лице.

– При извршен претрес во возилото биле пронајдени 100 килограми наркотична дрога – марихуана, спакувана во 100 полиетиленски опаковки распределени во пет најлонски вреќи, информираат од ЈО.

Поради потребата од обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Охрид, стои во соопштението од ЈО, доставил предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Запленета дрога во вредност од околу 350.000 евра: Пресечен меѓународен канал за шверц на наркотици

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дојче Веле: Во СЈО поплавени и материјали за објекти од „Скопје 2014“

Редакција

За 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 4 нови пациенти

Редакција

Адвокатите на Миле Јанакиески бараат присуство на медиумите и невладини организации на завршните рочишта за „Насилство во Центар“

Редакција