еМагазин
Image default
Македонија

Заев во Собранието на средби со Џафери и Ахмети

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев попладнево во Собранието имаше средби со претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери и со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Од СДСМ за МИА потврдија дека Џафери го повикал Заев лично да го информира за поднесената иницијатива за гласање доверба на Владата и за следните деловнички чекори.

Средбите на Заев со Џафери и Ахмети следуваат по денешното барање за гласање доверба на Владата поднесено со потписи од 61 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа седницата за доверба на Владата во четврток во 11 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џафери за четврток ја закажа собраниската седница за доверба на Владата

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грижата за македонскиот идентитет е во согласност со нашите барања за европска иднина, велат од Владата за барањата на Бугарија

Редакција

Радев му кажал на Вархеји дека Бугарија очекува дијалогот со Македонија да води до конкретни резултати

Редакција

Единаесет здравствени работници од Инфективната клиника се позитивни на Ковид-19

Редакција