Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција потврди дека на Интерното одделение во Кочани со коронавирусот е заболена докторка.
Тој рече дека е направена анкета и оти нема позитивни пациенти во нејзина близина.
“Сомнежот е дека е инфицирана на друго место. Разговарав со директорот на болницата во Кочани и сите пациенти со хронични заболувања можат да одат на домашно лекување.
Ќе се реорганзира работата и тој процес е во тек, рече министерот Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Премиерот Спасовски треба да направи тест за Ковид-19 неделава, смета Филипче
15 вработени од маркетот во Велес, каде што имаше позитивен од корона вирусот, одат во самоизолација
Смртта на мајката и синот од Велес чии тела беа најдени во распаѓање, настапила во март