еМагазин
Image default
Бизнис

Се намалува наградниот фонд за „Мој ДДВ, МојаНаграда“, средствата ќе одат во Фондот за справување со корона вирусот

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на наградниот фонд на наградната игра „Мој ДДВ, МојаНаграда“ и за уплата на средствата во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19.

Со заклучок на Владата му се препорачува на Акционерското друштво за приредување игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија“ средствата во износ од 4.383.410 денари да ги уплати на донаторската сметка отворена во рамки на Генерален секретаријат на Владата наменета за донации од правни и физички лица за справување со Ковид-19 епидемијата.

„Владата ги задолжи Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Државна лотарија  да склучат анекс на договорот за заедничко организирање на наградната игра „Мој ДДВ #МојаНаграда“ и ја задолжи Државна лотарија да ги измени Правилата за приредување на наградната игра „Мој ДДВ #МојаНаграда“ и да направи техничко прилагодување за реализација на одлуката“, соопшти владината прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се враќа осумчасовното работно време во Владата и министерствата

Влада: Без маска, шал или марама веќе нема влез во банка

Влада: Најмногу по едно лице на 20 квадрати при пазарување во трговските објекти

Владата одлучи: Во сабота полицискиот час ќе почне од 15, а во работни денови од 19 часот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот БДП во првиот квартал пораснал за 2,4%

Редакција

Средба Бектеши-Азески: Правиме напори бизнисот да добие доволни количини на електрична енергија со порационални цени

Редакција

Групацијата ЗК Пелагонија во загуба од 189.7 милиони денари

Редакција