еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонскиот БДП во првиот квартал пораснал за 2,4%

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2022 година е 2,4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2022, пораст е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало, Поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 11.2%, Стручни, научни и технички дејности, Административни и помошни услужни дејности од 5.9% и Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 2.2%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2022 година, номинално расте за 12.2%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 66.1%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 18.6%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 33.5%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Воспитните мерки“ на Мика Алексиќ: Тој ги срамеше децата во емисија на телевизија пред очите на цела јавност

Редакција

Трибина „На прав пат“ и изборна кампања, пронајди ги разликите

Редакција

Предвремени избори нема да има, за укинување на техничката влада потребен е консензус на четирите најголеми партии, велат од СДСМ

Редакција