Во изминатото деноноќие во Велес како што информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје се регистрирани три нови случаи на Ковид-19 со што бројката од 59 се искачи на 62 заразени од коронавирусот.
Од оваа јавна здравствена установа појаснуваат дека меѓу тројцата новозаболени има и едно медицинско лице од Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница и две лица кои, се тестирале на сопствена иницијатива кога им се јавиле симптоми во Клиниката „Жан Митрев“ во Скопје, а каде им бил потврдено присуството на Ковид-19.
Ова е втор случај на заболен здравствен работник од Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница, потврди портпаролот Весна Неделковска Николова.
Со двајцата од Инфективното одделение и три заболени од ЈЗУ Центар за јавно здравје од кои двајца се здравствени работници, а едно е административно лице, во Велес досега има вкупно четири здравствени работници заболени со корона вирус.
Boедно на Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница како што информира портпаролот, моментално се хоспитализирани 22 лица од кои кај 20 е регистриран корона вирусот и двајца пациенти чекаат резултати од брис.
На ова одделение досега биле излекувани четири пациенти од Ковид-19 кои се испратени дома.
МИА/Фото: Општина Велес
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Премиерот Оливер Спасовски најави дека ќе се тестира за корона вирусот
Потврдено: На Клиниката за онкологија 8 вработени позитивни на корона вирусот