Според последните податоци, објавени вчера, во Македонија се регистрирани 1.300 случаи на заболени од коронавирусот.
Вчера беше соопштено за 41 нови случаи.
“Тестирани се вкупно 649 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 41 или 6,3% од тестираните.
Потврдените случаи се од 7 градови, Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Кавадарци, Крива Паланка и Демир Капија.
Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, најмногу од нив, по 10 во возрасните групи од 30-39 и 50-59 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 22 женски и 19 машки лица.
Хоспитализирани се 6 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 14 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).
Вкупно 23 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а регистрирани се две лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов раст: 218 здравствени работници заболени со коронавирусот во Македонија
Национален рекорд: На 100 илјади жители 247,4 заболени од коронавирусот во Куманово
Со хронична и здравствена состојба, 27,5% од заболените со коронавирусот во Македонија
Убава вест: Излекувани 301 лица заболени од коронавирусот во Македонија, 29 се здравствени работници
Фото: Град Скопје/Табела: ИЈЗ