На „Кеј 13 ноември“ во Скопје изутринава биле опожарени три трафики, од кои една е угостителски објект, потврди МВР.
Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарната бригада, но се уште не се познати причините за неговото избувнување и колкава е причинетата материјална штета.
Од Противпожарната бригада информираат дека интервенирале со две возила и шест пожарникари, на површина зафатена со пожар околу 70 метри квадратни. Пожарот целосно бил изгаснат околу 06.30 часот.
Пожарот бил пријавен во СВР Скопје утрото во 4:28 часот.
МИА/Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.