еМагазин
Image default
Бизнис

Сите детали: Владата ја дополни Уредбата за ограничување на додатоците на плати во јавниот сектор

Владата на денешната седница донесе дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба. Се утврдува дека ограничувањата важат за месеците април и мај.

Во членот 2 се додава нов став кој определува дека на вработените од јавниот сектор на кои им се исплатува плата согласно закон и колективен договор, правото на додаток за работен стаж, додаток за ноќна работа, надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест или повреда, надоместок на плата поради користење на годишен одмор, надоместок на плата за ден на државен празник и неработен ден утврден со закон, одвоен живот од семејството (освен за пратениците), надоместок на трошок за смрт на работникот или член на неговото семејство, отпремнина при заминување во пензија, го остваруваат и се исплаќа и за време на траењето на вонредната состојба за месец април и мај.

Во членот 3 од оваа уредба, за категориите кои се изземаат од оваа уредба, се додаваат и високообразовните установи и јавните научни установи, инспекторите вработени во Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт, Агенцијата за лекови и медицински средства и Агенцијата за храна и ветеринарство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наставнички пленум: Голем дел од наставниците се незадоволни од одлуката за кратење на платите

Се менуваат термините за изнесување на домашните миленици

Со маска, шал или марама во банка ќе одиме 200 дена по завршувањето на вонредната состојба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 200.000 граѓани ова лето купиле патничко осигурување за годишен одмор во странство

Редакција

АСОМ: Владата не го исполни ветеното, бараме итно воведување онлајн игри на среќа

Редакција

Владимир Пецовски и „Ситко Антонио“ купија акции во Реплек

Редакција