еМагазин
Image default
Македонија

Филипче за 1.Мај: Предлогот е од четврток навечер до понеделник наутро да има полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека утре на владина седница ќе се одлучува за евентуално продолжување на полицискиот час за време на првомајските празници.

Филипче истакна дека Комисијата за заштита од заразни болести со консензус смета дека полицискиот час треба да биде продолжен, односно да трае три дена, од петок до понеделник.

„Одлуката ќе биде донесена на утрешната седница на Владата. На утринскиот состанок на Штабот јас го изнесов мислењето, и на Комисијата која со консензус смета дека треба викендот да биде целосно затворен како што беше оној за Велигден, сега од петок до понеделник,“ рече Филипче.

Во однос на ставот на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, за престојниот празник да нема ограничување како за Велигден, Филипче посочи дека одуката ќе ја донесат стручните лица од Комисијата на заразни болести, врз база на епидемиолошки и медицински сознанија.

„Во меѓувреме видов и некои реакции на министерот Чулев. Сметам дека не треба да станува збор за какво било лично мислење или некоја тенденција да се пренесе, некакво мислење или став или желба на која било група на граѓани, заради тоа што, сите овие мислења се темелат на стручните сознанија на Комисијата за заразни болести.

И така функциониравме досега. Тие се темелеа на бројот на пациенти, на тоа што може да очекуваме од рестриктивните мерки во смисла на намалување на бројот на случаи, но со медицинска издржаност. Зашто тоа го препорачуваме? Секако дека граѓаните не сакаат да седат дома. Кој би сакал да седи дома затворен три дена, но има причина зашто тоа е така предложено,“ истакна Филипче.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени 53 пациенти, вкупната бројка изнесува 553

Убава вест: Во Прилеп вкупно 29 лица излекувани од коронавирусот

Починаа четворца пациенти заразени од корона вирусот, вкупната бројка достигна 65

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

Детален преглед: Официјални резултати од ДИК од вториот круг на Локалните избори

Редакција

Убава вест: Оздравени 309 болни од Ковид-19

Редакција