еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Во Прилеп вкупно 29 лица излекувани од коронавирусот

Два нови случаи на заболени лица од Ковид -19 денеска се регистрирани во Прилеп, додека пак, петмина граѓани се излекувани од оваа заразна болест, со што бројката на вкупно досега излекувани е 29 граѓани, информираат од прилепската локална самоуправа.

Едно лице е излекувано во Крушево.

Според најновите информации, на инфективното одделение во градската болница, моментално се хоспитализирани 17 лица, позитивни на коронавирусот.

Двајца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Четворица пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив, двајца се негативни на коронавирусот, задржани се поради примање терапија за подобрување на нивната општа здравствена состојба, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултатите.

Во Прилеп, во самоизолација се наоѓаат 242 лица. Во деновите од викендот забележани се пет нарушувања на полицискиот час.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Во Дебар уште само едно лице од заразените на домашно лекување

Починаа четворца пациенти заразени од корона вирусот, вкупната бројка достигна 65

Убава вест: Оздравени 53 пациенти, вкупната бројка изнесува 553

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителот Бубевски: Детето на Јанкулоска полни една година, недозволиво е и понатаму да се одложува издржувањето на казната

Редакција

Четири месеци затвор за лицето кое пукаше на протестите кај Скендербег

Редакција

(ВИДЕО) Димитров со букет цвеќе ја пречека Меркел

Редакција