Лекарката од Куманово, Гордана Николиќ која 40 дена беше позитивна на корона вирусот, за прв пат доби негативен резултат, за што е неизменрно среќна
„Прв пат негативен брис, од првиот позитивен на 23 ти март и сите потоа беа позитивни, се до сега.
Се радувам како дете.
Еве и пивото од фрижидер го најдов да наздравам, за сега уште само на тераса можам да си наздравам сама со себе!
Стискајте палци и за вториот брис што ќе ми го земат утре,“ напиша Николиќ на нејзиниот фејсбук-профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Николиќ/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.