еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Драги соседи, зошто ги дадовте моштите на Гоце Делчев ако бил Бугарин?

Не престануваат провокациите од бугарските политичари во однос на македонското прашање и тоа преку оспорување на нашиот јазик, историја и потекло, како и заканите дека без решавање на спорните елементи Бугарија нема да даде зелено светло за евроинтегративниот процес на Македонија.

Најнова епизода во оваа националистичка серија дојде од шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева која изјави дека македонскиот јазик е напишан 1945 година врз основа на западно-бугарскиот дијалект, а со тек на време променета е малку нивната граматика, со одредени додатоци од други соседни земји.

Таа истакна дека од заеднички интерес е Македонија да ја признае историјата, исто како што Бугарија треба да ја признае македонската реалност.

„Бугарија води мудра надворешна политика и нема да дозволи да биде искористена во предизборната кампања кај соседот, но нема ни да ги промени условите“, вели Захариева.

Всушност, токму бугарските политичари се тие кои во зависност од моменталната состојба играат топло-ладно со македонското прашање и за политички поени се подготвени да даваат солени изјави како оваа за македонскиот јазик.

Сепак, не треба да се заборави дека и Бугарската академија на науките неодамна излезе со сличен став дека официјалниот јазик во Македонија е писмено-регионална норма на бугарскиот јазик.

Исто така, не треба да се заборави дека бугарската страна инсистира Гоце Делчев во историјата да биде запишан како Бугарин, што само ја покажува недоследноста во бугарската политика.

Имено, моштите на Гоце Делчев се наоѓаат во црлквата Свети Спас во Скопје и биле донесени во земјава со согласност од Бугарија. Денес, Бугарија треба да одговори зошто дозволила такво нешто во минатиот век ако сметала дека овој великан е Бугарин.

Затоа, „браќа“ Бугари наместо да ловите дневно политички поени базирани на национализам, еднаш засекогаш разберете дека ние сме Македонци, кои пишуваат и говорат на македонски јазик, дека Гоце Делчев е вткаен во нашата меморија и дека нашата државност се базира на неговите идеи и така и ќе остане во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ретка видео снимка од пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Македонија

Отец Пимен до Гоце Делчев: „Вади дневникот и пиши ни кецови, ништо не сме научиле“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) “Ма каква корона“: Плажите во Охрид преполни, дистанцата невозможна

Редакција

Нови 884 случаи со Ковид-19, оздравени 745 болни, четворица починати

Редакција

Акцијата на Алкалоид за шест месеци пораснала за 21,4%

Редакција