еМагазин
Image default
Ретро ТОП СТОРИИ

(Видео) Ретка видео снимка од пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Македонија

Еден од од најголемите македонски визионери, организатор и предводник на македонското национално ослободително движење Гоце Делчев пред 117 години на 4 мај 1903 година беше убиен во селото Баница.

По смртта, на иницијатива на началникот на серскиот гарнизон Тефиков, била дадена наредба неговото тело да се однесе во серската општина и таму да се погребе.

Но, и од Солун била испратена заповед телото да се врати во селото Баница и Гоце Делчев таму да биде погребан.

Три години подоцна, моштите на Гоце се ископани од страна на неговиот соборец Михаил Чаков и ставени во олтарот на црквата во селото Баница, а во 1917 година тој самоиницијативно ги пренел во Софија.

Подоцна, ставени во специјален дрвен резбан саркофаг, на кој била испишана пораката „Го заколнуваме поколението, овие свети коски да се однесат во престолнината на слободна и независна Македонија“, ги презела Илинденската организација.

Тогаш саркофагот бил изложен во црквата “Света Недела” во Софија. Илинденската организација во Софија повеќе од четврт век ги чувала моштите на Гоце, сè до октомври 1946 година.

Така, точно 43 години (1903-1946) по смртта на Гоце Делчев, во заеднички компромисен и толерантен договор, меѓу македонската и бугарската власт во 1946 година, моштите на великанот Гоце Делчев тргнале на патешествие од Софија преку Пиринскиот дел на Македонија кон Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драги соседи, зошто ги дадовте моштите на Гоце Делчев ако бил Бугарин?

Отец Пимен до Гоце Делчев: „Вади дневникот и пиши ни кецови, ништо не сме научиле“

Фото/Видео: Youtube/Македонија во сликиMungos 80

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе го прифати ли Владата „францускиот предлог“ без Собранието: Детали од брифингот на Ковачевски, Османи и Маричиќ со новинарите

Редакција

Нови 617 случаи на Ковид-19 од 4.621 тестирања

Редакција

Недостигаат осум пратеници за потребното мнозинство за гласање на уставните измени, вели Османи

Редакција