еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Отец Пимен до Гоце Делчев: „Вади дневникот и пиши ни кецови, ништо не сме научиле“

Отец Пимен на својот Фејсбук профил се обрати по повод 117 години од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев.

Неговото обраќање Ви го пренесуваме во целост:

„Драг Гоце,

И после 117 години скоро сè е исто само со неколку мали измени во твоето разбирање на светот:

-полето не е веќе широко, туку е минско.

-натпреварот меѓу народите не е веќе културен, туку политички.

-се натпреваруваме во некултура, па мало ни е полето за сите простотилаци.

-комшиите толку многу нè сакаат што и во фашистички сојуз влегле на времето за да нè ослободат.

-Ти загина од турски куршум, ние ќе изгинеме без куршум. Ќе се изедеме меѓу себе за да им докажеме на комшиите дека не се во право.

Ванчо Михајлов одамна го рехабилитиравме. Не ни сметаат неговите пробугарски ставови низ цел 20ти век, си најдовме нови кривци.

-кога ќе помисли човек дека битката со Короната е најтешка битка на човештвото денес, ќе се излаже. Ние се бориме плус со Каракачанов и Захариева во 21ви век, бидејќи тие се спремни и со Дарвин да се скараат. Остануваат на ставот дека човекот од мајмун постанал, а Македонецот од Бугарин.

-ти стана Че Гевара.

-ние треба да сме Куба…

И така ти велам се е исто само…

Или ти не го разбираше баш светот или ние не те разбираме.

Вечен ти спомен даскале!

Вади дневникот и пиши ни кецови. Ништо не сме научиле.“, напиша отец Пимен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драги соседи, зошто ги дадовте моштите на Гоце Делчев ако бил Бугарин?

(Видео) Ретка видео снимка од пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Македонија

Фото: Фејсбук/Европска епархија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трошоците сѐ повеќе растат: Вредноста на синдикалната кошница во август 1.000 евра

Редакција

Нови 687 случаи на Ковид-19 од 3.050 тестирања

Редакција

Кои се новите членови на Одборот на директори на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор

Редакција