еМагазин
Image default
Локално

Двајца загинати во вчерашната сообраќајка кај Страцин, по возачот, почина и сопатник

Уште едно лице им подлегна на повредите здобиени во сообраќајната несреќа што се случи вчера на патот Куманово-Крива Паланка кај село Страцин, информираа денеска од МВР.

Починал 23-годишен сопатник, откако бил пренесен за укажување лекарска помош, а вчера од здобиените повреди почина 55-годишен возач на едното од возилата кои учествуваа во несреќата.

Сообраќајката се случи вчера во 9:40 часот кај местото „Чешмиче“ пред село Страцин меѓу две патнички возила „фиат пунто“, едното со кумановски регистарски ознаки управувано од 55-годишниот возач Б.Ѓ. од село Железница и второто со кратовски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот И.М од Битола.

– Во незгодата од здобиените повреди починал Б.Ѓ., додека сопатникот од истото возило Ф.Ѓ.(23) од сeло Железница и И.М. биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, каде Ф.Ѓ. починал, информираат од МВР.

Увид извршиле јавен обвинител и полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема повредени во пожарот во фабриката „Треска“, се евакуираат жителите од околните објекти

Редакција

(ВИДЕО) Хигиеничарот од „Комунална хигиена“ кој фрлаше отпад во Вардар, доби отказ

Редакција

Рачна бомба од Првата светска војна пронајдена во Охридско Езеро кај Трпејца

Редакција