На социјалните мрежи се споделува петиција за сите здравствени работници да добијат бенифициран стаж.
“Медицинските работници заслужуваат бенифициран стаж, сите до еден!
Како специјалист по медицина на трудот, можам да потврдам дека медицината е една од најтешките и најризичните професии. Токму ова се основите за бенефициран стаж.
Зарем вработени на клиника или матични лекари и сестри, кои се во први редови секојдневно и без пандемија, не заслужуваат бенефиции, додека државата исплаќа бенефициран стаж на спортисти, пејачи, артисти …
Дајте го својот глас како почит кон хероите во реалноста!
Да бидеме и ние нивни херои!“, стои во петицијата.
Петицијата можете да ја потпишете ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 184 излекувани здравствени работници од коронавирусот во Македонија
Фото: Факултет за ветеринарна медицина