еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Чулев и Петровска се скараа за спот во кој статисти се полицајци

Синоќа за време на полицискиот час, во Скопје се снимаше видео, по повод Денот на полицијата, во кое статисти беа полицајци.

На Фејсбук за истото се огласи министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, кој меѓудругото вели дека со ангажирањето на полицајците за време на полицискиот час не биле нарушени тековните активност на МВР.

“Ја информирам јавноста дека вечерва во близина на спортскиот центар Борис Трајковски се снимаше кратко видео по повод Денот на полицијата, а со кое Министерството за внатрешни работи ќе се заблагодари за придонесот на полициските службеници, здравствените работници, припадниците на армијата и сите други во справување со коронавирусот.

Не станува збор за никаква злоупотреба на полициските сили, туку за еден мал гест со кој ќе се заблагодариме за нивната секојдневна жртва, ќе се валоризира нивната посветеност во заштита на здравјето на граѓаните, a истовремено ќе се подигне нивниот морал.

Воедно, потенцирам дека со денешните активности во ниту еден момент не се нарушени тековните активности на Министерството за внатрешни работи.

Доколку, некои од моите колеги во Министерството за внатрешни работи ја спори важната улога на полициските службеници во обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните го повикувам јавно да го каже тоа.

За мене тие се хероите, така ќе биде и во иднина и тие ги заслужуваат сите наши пофалби и признанија“, напиша Чулев.

На Фејсбук регираше и неговата заменичка, Славјанка Петровска, за која снимањето на спот за време на полициски час е неодговорно и несовесно раководење.

„Во услови на вонредна состојба и полициски час, од терен да повлечеш 80тина полициски возила и најмалку 100тина полицајци за да снимаш спот е неодговорно и несовесно раководење!!!

Зарем полициските службеници кои веќе 2 месеци деноноќно се на терен треба да бидат искористени како статисти за снимање спот? Ова ли е начин да се штитат правата на вработените? Вака не треба, ова е погрешно!“, напиша таа и објави видео.

Во услови на вонредна состојба и полициски час, од терен да повлечеш 80тина полициски возила и најмалку 100тина полицајци за да снимаш спот е неодговорно и несовесно раководење!!!Зарем полициските службеници кои веќе 2 месеци деноноќно се на терен треба да бидат искористени како статисти за снимање спот? Ова ли е начин да се штитат правата на вработените? Вака не треба, ова е погрешно!

Posted by Slavjanka Petrovska on Понеделник, 04 мај 2020

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предреферендумски посети: Меркел, Столтенберг и Курц неделава во Скопје

Редакција

Од 12 јули вакцинација и без закажан термин

Редакција

Судењето на Зеќири вратено на почеток

Редакција