еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ден на македонскиот јазик: Попусто го браниме од соседите кога со неписменост го уништуваме

Македонските граѓани во 21 век се соочуваат со негирање на постоењето на македонскиот јазик од некои соседни земји, кои и понатаму тврдат дека станува збор за „дијалект на бугарскиот зачинет со српски зборови“.

Денес, по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ потсетија на историските факти околу нашиот мајчин јазик.

По многу векови, со прогласувањето на Федерална Македонија како држава, АСНОМ, на своето Прво заседание на 2 август 1944 година, донесува решение за воведувањето на македонскиот како службен јазик.

Со објавувањето на македонската азбука на 5 мај и со усвојувањето на македонскиот правопис на 7 јуни 1945 година од Народната влада на Федерална Македонија, се случува кодификација на современиот македонски литературен јазик.

Македонската азбука е официјално и единствено писмо на македонскиот јазик, со кое на македонски јазик се напишани и објавени илјадници книги што се читаат од Македонците, но и од припадници на другите нации кај нас и по светот.

Сепак, жално е што во нашата држава се помалку луѓе читаат, а уште пострашно е што под напливот на туѓи јазични влијанија се извитоперува правилниот изговор на македонскиот јазик.

Неписменоста и неправилниот изговор освен што е присутна кај помладите генерации, стана карактеристика кај политичарите и носителите на јавни функции кои всушност треба да бидат пример за правилно користење на македонскиот јазик.

Доколку тоа не се смени, сите обиди да се одбрани нашиот јазик од негирањето што доаѓа од соседството ќе бидат лицемерни, бидејќи ние ќе ја носиме одговорноста за неговото уништување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ    

Драги соседи, зошто ги дадовте моштите на Гоце Делчев ако бил Бугарин?

Борисов: Бугарија го признава македонскиот јазик согласно формулацијата од Договорот за добрососедство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во биографијата на разрешениот министер за финансии, Драган Тевдовски

Редакција

Собраниската седница за „францускиот предлог“ ќе се одржи в четврток, предвидено е обраќање на Урсула фон дер Лајен

Редакција

Грипот зема замав: Два смртни случаи за три дена

Редакција