еМагазин
Image default
Македонија

Во Велес четворица новозаболени од коронавирусот, еден излекуван

Во Велес во изминатите 24 часа се регистрирани четворица новозаболени со Ковид-19, со што во градот има вкупно 81 регистриран случај со овој вирус, објави ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес.

Четворицата новозаболени во Велес е половина од вкупно осумте новозаболените лица во земјава во изминатите 24 часа, од кои тројца новозаболени се регистрирани во Скопје, а еден во Битола.

Добра вест во Велес е што сепак во изминатото деноноќие има еден оздравен пациент од Ковид-19.

Последно регистрираните шест новозаболени беа на први мај, кога бројката се искачи на 77, по што три дена немаше регистрирано новозаболени со Ковид-19 во градот.

На Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница во Велес, како што информира за МИА портпаролот, Весна Неделковска Николова во моментов на лекување се 21 пациент, од кои кај 19 е потврдено присуството на Ковид-19, а двајца чекаат резултати од тест.

МИА/Општина Велес

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Првпат во државава, пациент на 37 годишна возраст со Ковид-19 тргнат од респираторна машина

Убава вест: Оздравени 21 пациент кои боледуваа од корона вирусот

Осум нови случаи на заразени од корона вирусот, вкупно 427

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓаните најзагрижени за животниот стандард, ниските плати и пензии, криминалот и корупцијата, покажува анкетата на НДИ

Редакција

Боки 13 ќе поднесе кривични против актуелни функционери за измама и шпионажа, најави неговиот неговиот адвокат

Редакција

Јанкулоска спроведена во затворот Идризово, каде што треба да лежи четири години

Редакција