еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Осум нови случаи на заразени од корона вирусот, вкупно 427

Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се осум нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Битола-1 и Велес-4, соопшти Министерството за здравство.

Согласно ова, вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427.

Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 515, Куманово – 401, Дебар – 51, Штип – 34, Прилеп -159, Тетово – 90, Струга – 67, Велес – 81, Битола – 19, Охрид – 15, Кавадарци – 5, Гостивар – 17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 9 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево – 2, Делчево – 1, Валандово – 1, Виница – 2 и Кратово – 1.

“Направени се 185 теста и тоа преку: Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) – 79, Ветеринарен факултет – 3, Авицена – 9, Биотек – 33, Клиника „Жан Митрев“ – 27, Систина со PCR метода – 17 и МАНУ – 17.

Досега во земјата се направени вкупно 17.544 тестирања на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следната недела почнува скрининг тестирање за корона вирусот кај сите критични категории

(Графикон) 44,9 години е просечната возраст на заболените од коронавирусот во Македонија

Новинарот Михајловски за личната битка со корона вирусот и за загубата на татко му: Остава пустош зад себе

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Центар за граѓански комуникации: Ковид-19 набавките сѐ уште изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција

Редакција

Новинарот Љупчо Златев обвинет за одавање службена тајна

Редакција

Двајца скопјани оствариле приход од 3,5 и 2,7 милиони евра во 2017 година

Редакција