Компанијата Алкалоид Белград, донираше материјал за дијализа на Институтот за јавно здравје на Србија во вредност над 80 илјади евра, пренесува српски Курир.
Цел на донацијата е допринос за подобрување на условите за работа на здравствените работници во време на пандемија со коронавирусот.
Македонската компанија Алкалоид, водејќи се според начелото на општествена одговорност, како и хуманата програмско-производна определба пред се усмерена кон крајните корисници, од почетокот на годината на здравствените институции и здруженија во Македонија и во регионот им донираше по различни основи над 300 илјади евра за набавка на реагенси, лекови, апаратура, средства за хигиена…
Покрај донациите во Македонија и Србија, Алкалоид од почетокот на април годинава реализираше донации и во Бугарија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
„Во услови кога сите светски економии се оставени на самите себе и се борат да ги ублажат ефектите на новата економска криза, кога губењето на работните места е дел од суровата реалност, кога логичките пречки ја добиваат битката за пласман на производите, ретки се компаниите кои можат да ги надминат сите овие предизвици и да помогнат во овакви тешки времиња.
Свесни сме за тешката состојба во која се наоѓаат здравствените системи во услови на пандемија и напорот кој го вложуваат здравствените работници за зачување на здравјето и човечки животи.
Како компанија чиј слоган е „Здравјето пред се“ во оваа прилика сакаме да им одадеме посебна чест на медицинските сестри, здравствените работници, хигеиеничарите, продавачите на пазар и во супермаркетите, фармацевтите и техничарите во аптеките, транспортерите, пекарите и на сите оние кои го ризикуваат својот живот за нашето несметано функционирање„, истакана Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје во едно неодамнешно интервју.
Почетоците на Алкалоид Белград датираат од 1950 година. Има 133 работници, а лековите на Алкалоид на српските пазар никогаш не излегле од регистарот, што доволно зборува за традицијата на компанијата на овој пазар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Бидете внимателни: „Алкалоид“ известува за фалсификати – дезинфициенси на пазарот