еМагазин
Image default
Македонија

Нов, втор случај на позитивен на Ковид-19 во општина Маврово и Ростуше

Во гостиварско регистриран е нов случај на инфициран од корона вирусот. Новиот случај е откриен во селото Ростуше, а неговите резултати биле потврдени вчера.

Во меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше ги потврдија информациите, со што во изминативе два дена во најмалубројната гостиварска општина, бројката на новозаразени е два.

Од Кризниот штаб за справување со корона вирусот при Општина Маврово и Ростуше, преку соопштение информираа дека првиот пациент по позитивниот наод е префрлен на лекување во инфективно одделение во гостиварската општа болница. Тој бил во стабилна здраствена состојба.

– Уште еднаш, упатуваме апел до сите наши сограѓани, строго да се придржуваат кон препораките дадени од страна на Министерството за здраство, сите ние да носиме заштитни маски и ракавици, да не се собираме во групи, да држиме растојание од два метра, да избегнуваме одење на гости и патување по други градови, наведуваат од Кризниот штаб за општина Маврово и Ростуше.

Според последните информации од меѓуопштинскиот штаб, првиот случај е лице кое живее во долнореканското село Присојница, кај кое симптомите на болеста се појавиле минатата недела.

Епдимеиолозите во овој период ги анализираат двата случаја и преземаат мерки за спречување на ширење на инфекцијата во долнореканскиот регион.

Во моментов, во Гостиварско има пет активни случаи, два во општина Гостивар, два во општина Маврово и Ростуше и еден во општина Врапчиште.

МИА/Фото: Факултет за ветеринарна медицина

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмногу во Скопје: Нови 20 случаи на заразени со коронавирусот

Убава вест: Оздравени уште 24 заболени од Ковид-19, вкупно 1.136

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за Талат Џафери

Редакција

Веапоска во судница се сретна со лекарите кои ѝ отстранија три органи, таа се вознемири, тие кажаа дека не биле виновни

Редакција

Кумановскиот градоначалник Димитриевски: Георгиевски да го врати македонското државјанство и да се извини на македонскиот народ

Редакција