Министерство за здравство информира дека во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.664.
Бројот на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373.
Согласно ова, последната дистрибуција по градови е: Скопје – 563, активни 128, Куманово – 408, активни 44, Дебар – 51, активни 0, Штип-35, активни 2, Прилеп –178, активни 58, Тетово – 117, активни 58, Струга – 67, активни 4, Велес – 107, активни 49, Битола –23, активни 4, Охрид –15, активни 0, Кавадарци – 5, активни 1, Гостивар –19, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка- 6, активни 2, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 5, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 2, Делчево-1, активни 1, Валандово -1, активни 1, Виница – 2, активни 0, Кратово-2, активни 2, Берово-1, активни 1.
“Направените 145 теста се преку: Институт за јавно здравје –122, Ветеринарен факултет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –17, Систина со PCR метода -0 и МАНУ -6.
Досега во земјата се направени вкупно 19.241 тестирања на Ковид -19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни нема прием на нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 42 пациенти. На кислородна поддршка се 20 пациенти, а на механичка вентилација 2.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 4 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат 3 пациенти.
Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 7, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.
На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Тетово сe хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе мажи, 73,6% биле со коморбидитети, детали за починатите од коронавирусот во Македонија
5 лица хоспитализирани, 7 имале претходни заболувања, детали за новозаразените со коронавирусот
Убава вест: Во Дебар 25. ден нема новозаразен од коронавирусот
Фото: Факултет за ветеринарна медицина