еМагазин
Image default
Македонија

Во Прилеп две новозаболени лица од корона вирусот, во моментов 58 активни случаи

Два нови случаи на заразени со Ковид 19 се евидентирани денеска во Прилеп, а 12 пациенти се излекувани од оваа заразна болест, информираат од локалната самоуправа.

Со ова, во Прилеп досега вкупно се регистрирани 178 заболени лица. Од нив 120 се оздравени, а во моментов има 58 активни случаи. Како последица на коронавирусот, починале 11 лица.

На Инфективното одделение прилепската болница се хоспитализирани 15 лица, од кои 10 се позитивни на корона вирусот, додека петмина пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив двајца се негативни на корона вирусот, а на тројца им е земен брис и се чекаат резултати

Во самоизолација се наоѓаат 234 лица. За време на викендот, се забележани шест нарушувања на полицискиот час.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за радовишанец кој шетал позитивен со коронавирус

Убава вест: Оздравени уште 64 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 1.200

Корона вирусот се „врати“ во Вухан: Се „олабавува“ ли светот прерано?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинетиoт Трајковски, поранешен градоначалник на Гази Баба, даде одбрана во случајот „ТНТ“

Редакција

Со завршни зборови, судењето за „Рекет“ продолжува на 19 мај

Редакција

Нови 165 лица заразени со корона вирусот, најмногу во Скопје 71

Редакција