еМагазин
Image default
Балкан

Турција наголемо се подготвува за летната сезона, хотелите и рестораните ќе работат под стороги критериуми

Турција воспоставува посебни хигиенски мерки за да се подготви за враќање на туристите, изјави турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Есрој за Си Ен Ен Турк.

Тој дополни дека чекор по чекор, до крајот на мај, ќе бидат укинати ограничувањата за патување во рамки на државата, а постепено ќе се воведуваат и меѓународни летови.

Владата развила програма за издавање сертификати за хотели и ресторани, кои ќе мораат да ги задоволат строгите критериуми. Есрој прецизира дека има вкупно 132 критериуми, кои вклучуваат почитување на хигиенски услови и физичка дистанца.

Вработените, исто така, ќе мора да бидат обучени за спречување на ширењето на инфекцијата. Се укинува самопослужувањето со храна и пијалаци.

Владата, исто така, објави попис на болници со нивните капацитети, кои ќе бидат достапни во популарните туристички дестинации.

Туризмот е значен дел од турската економија, а пред пандемијата, турските власти за годинава очекуваа 58 милиони гости. Есрој вели дека коронавирусот во Турција е под контрола и дека земјата може да очекува 63 милиони туристи во 2021 година.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Плажите во Грција преполни со луѓе

Во Грција најверојатно влез со негативен тест за коронавирусот, стар до 72 часа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција нема донесено одлука за отварање на границата за македонските државјани од 17 август

Редакција

Косовската Самоопределување ќе дејствува како политички субјект и во Македонија, најави Курти

Редакција

Трагедија ја потресе Црна Гора: Се удави семејство и момче кое се обидело да ги спаси, жената била трудна

Редакција