Во изминатите 24 часа направени се 189 тестирања, а потврдени се 10 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-6, Куманово-2, Прилеп-1, Велес-1, информираат од Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.674, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 377.
Последната дистрибуција по градови е: Скопје – 569, активни 131, Куманово – 410, активни 46, Дебар – 51, активни 0, Штип-35, активни 2, Прилеп –179, активни 59, Тетово – 117, активни 58, Струга – 67, активни 4, Велес – 108, активни 50, Битола –23, активни 4, Охрид –15, активни 0, Кавадарци – 5, активни 1, Гостивар –19, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка- 6, активни 2, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 5, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 2, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 1, Виница – 2, активни 0, Кратово-2, активни 2, Берово-1, активни 1.
“Направените 189 теста се преку: Институт за јавно здравје –57, Ветеринарен факултет -5, Авицена –0, Биотек -38, Филип Втори (Жан Митрев) –52, Систина со PCR метода -19 и МАНУ -18.
Досега во земјата се направени вкупно 19.430 тестирања на Ковид -19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка се 19 пациенти, на механичка вентилација е 1 пациент.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 13 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 25. На респираторна машина се 5 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат 2 пациенти.
Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.
На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 56 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени уште 5 пациенти од коронавирусот, вкупно излекувани 1.205
Од коронавирусот почина пациент од Делчево на возраст од 60 години
Полицискиот час не го почитувале 33 лица, приведени 20
Фото: Кабинет на претседателот