еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена

Претседателот Стево Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена поради кризата со Ковид-19.

Како причина за тоа ги наведе спроведување на економско-социјалните мерки.

Пендаровски по седницата на Советот за безбедност потенцираше дека во врска со продолжувањето на вонредната состојба се консултирал со повеќе експерти.

Тој по седницата рече дека Советот за безбедност заклучил дека надлежните институции работат координирано и оти ситуацијата е подобрена и оти евидентно е дека како држава добро се справуваме со коронакризата.

Втората триесетдневна вонредна состојба поради пандемијата со коронавирусот завршува на 16 мај.

На денешната седница на Советот за безбедност, се разговараше за евентуално трето продолжување на вонредната состојба поради коронакризата. Предлогот за трето продолжување на вонредната состојба, која истекува утре, до Советот го доставува Владата, а таа претходно денеска излезе со став дека ќе бара од претседателот Пендаровски нови 30 дена вонредна состојба.

– Владата на Република Северна Македонија на денешната 53-та седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Северна Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребна е вонредна состојба и во наредните 30 дена, е дел од заклучоците од денешната 53-та владина седница.

Министерот за здравство, Венко Филипче вчера најави дека ќе биде побарано продолжување на вонредната состојба, но не прецизираше дали ќе се бараат нови 30 денови или помалку.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 786 оздравени од Ковид-19

Редакција

Бислимоски: Напаѓачот треба да и се извини на институцијата РКЕ, а не на мене

Редакција

Светски познатиот уметник Јонас Стал го изложува најновиот проект во МСУ

Редакција