еМагазин
Image default
Македонија

Бислимоски: Напаѓачот треба да и се извини на институцијата РКЕ, а не на мене

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски се уште се консултира со своите адвокати дали да поднесе приватна тужба против лицето кое физички го нападна во вторникот вечерта во угостителски објект во Скопје.

– Постапката е во тек, ќе ги советувам моите адвокати и ќе видиме како ќе го решиме тој проблем во наредниот период и како ќе постапам. Напаѓачот не ми се извини мене и воопшто не е битно дали ќе ми се извини или не. Треба да се извини на институцијата, бидејќи јас ја претставувам институцијата.

Марко е денес, утре ќе биде Петко, Станко, треба да имаме сите во оваа држава, однос кон институциите, бидејќи институциите ја чинат државата.

Интересот на државата е секогаш најбитен и ќе остане вечно, рече Бислимоски во одговор на прашањето дали ќе поднесе приватна тужба до напаѓачот во изјавата дадена во Стопанската комора.

Претседателот на РКЕ во вторникот вечерта физички беше нападнат во угостителски објект во централното подрачје на Скопје од лице што поседува лиценца за продажба на електрична енергија за кое РКЕ почна постапка за одземање на лиценцата поради неисполнување на обврските од договорот за снабдување кај дел од корисниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бислимоски: Нападот нема да ме поколеба да работам исклучиво според закон

Вработените во РКЕ: Нападот врз Бислимоски го сметаме за притисок врз работењето и системот на регулирање на пазарот

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР со детали за убиството на таткото и синот во Слупчане

Редакција

Иванов денеска ќе ја предаде функцијата на Пендаровски: Детали за церемонијата во Вила Водно

Редакција

Судењето за „Монструм“ одложено поради отсуство на судијата Ставрев

Редакција