Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција го објави третиот пакет економски мерки на Владата, со кој како што рече се обезбедува директна помош за граѓаните, за стопанството и за земјоделството, како и дека се обезбедува награда за вработените во здравствениот сектор кои се бореа против корона вирусот.
Една од мерките предвидува околу 100.000 граѓани што имаат приходи помали од 15.000 денари да добијат ваучер од 6.000 денари за домашни туристички капацитети и картичка од 3.000 денари за домашни производи и услуги.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Влада: Платежни картички од 9.000 денари за 100.000 граѓани за купување домашни производи
Нов пакет монетарни мерки: Народната банка ја намали основната каматна стапка на 1,5%
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.