Владата денеска го усвои третиот сет економски мерки во насока на опоравување на домашната економија во периодот на враќање во нормала по кризата со корона вирусот.
Една од мерките кои ги воведува Владата е викенд без ДДВ за сите граѓани.
„Поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Очекуваме дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе се слеат во македонското стопанство“, информира премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе подели ваучери од 6.000 денари на 100.000 граѓани за одмор во Македонија
Влада: Платежни картички од 9.000 денари за 100.000 граѓани за купување домашни производи
Трет пакет економски мерки: Младите ќе добијат ваучери за партиципација на факултет и за ИТ обуки