еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На 10 минути пред полетување за Цирих од аеродромот во Софија, македонски државјани вратени од „Ер-Бугарија“ од каде купиле карти

Македонски граѓани со двојно државјанство меѓу кои и 12 сезонски работници од Делчево и Струмица, биле вратени од софискиот аеродром пред поаѓање за Цирих.

Како што тврдат самите патници, враќањето од аеродромот се случило на 10 минути пред поаѓањето на авионот, иако имале купена авионска карта и декларација за коридор, односно превоз од ГП „Ѓуешево“ до аеродромот во Софија.

– Вработените во компанијата без никакво објаснување не ни дозволија да заминеме на привремена работа во Швајцарија, иако имаме валиден договор за престој и работа во оваа земја.

Се враќаат патници не само со македонско и двојно државјанство, туку и од други земји и тоа на само 10 минути пред влегување во авионот, со што не бевме во можност правно да реагираме, велат патници кои биле вратени од аеродромот, информираа за МИА дел од вратените македонски државјани.

Враќањето од аеродромот, како што додаваат, се случува иако претходно се направени сите процедури и контроли, но кога требало да влезат во авионот едноставно ги вратиле назад, со што целосно им пропаднале авионските карти и договорот за работа со швајцарските работодавци.

Тие со македонско и двојно државјанство сега се наоѓаат во 14 дневна домашна изолација.

– Во наредните 14 дена нема да бидеме во можност да реагираме за неправдата која ни е нанесена, бидејки сме во самозиолација. Сепак ќе бараме правна разврска за овој грабеж од страна на компанијата.

Ова што нам ни се случи нека биде поука и за сите останати кои планираат да ги користат услугите на бугарската авио-компанија, велат дел од патниците кои поради неможноста да дадат изјава, телефонски за МИА информираа за случајот.

Тие наведуваат дека на граничните премини и од македонска и од бугарска страна, како и гранична полиција од двете страни коректно се однесувале кон нив по враќањето во земјава, додека правните дејствија ќе бидат насочени кон компанијата „Ер-Бугарија“ од која ќе бараат оштета и целосно враќање на средствата за авионските карти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешните министри за финансии на СЕФФ: Приоретизирање на трошењата, инвестиции во обновливи извори на енергија и во човечки капитал

Редакција

Уште неколку дечиња, па Влатко Ѓорчев и Антонио Милошоски можат да основаат фудбалски клуб

Редакција

СДСМ ќе го разгледа барањето на Мицкоски за предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските

Редакција