еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Регистрирани нови 19 заболени од корона вирусот, од кои 11 во Скопје

Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-1, Струмица-1 и Виница-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.858, а на активни случаи 381.

Последната дистрибуција по градови е Скопје – 647, активни 145, Куманово – 418, активни 22, Дебар – 51, активни 0, Штип-38, активни 4, Прилеп –203, активни 59, Тетово – 151, активни 63, Струга – 71, активни 5, Велес – 126, активни 53, Битола –27, активни 8, Охрид –21, активни 6, Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –21, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 3, активни 1, Крива Паланка- 6, активни 1, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 3, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 1, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 0, Виница – 3, активни 1, Кратово-2, активни 1, Берово-1, активни 1, Свети Николе-1, активни 1.

“Направените 512 теста се преку: Институт за јавно здравје –235, Ветеринарен факултет -15, Авицена –15, Биотек -48, Филип Втори (Жан Митрев) –53, Систина со PCR метода  -31 и МАНУ -115.

Досега во земјата се направени вкупно 22.767 тестирања на Kовид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни. Од досега направените 1.131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на Ковид-19 во Битола.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 5 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 46 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 27 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 2, a со потешка клиничка слика се уште 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 6 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани  49 пациенти, позитивни и сомнителни на Kовид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа уште четворица пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 110

Убава вест: Оздравени уште 16 пациенти од корона вирусот, вкупно 1.367

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема 2/3 мнозинство, бараат гласање за да се види тоа

Редакција

Макрон го загрижи Османи: Оптимист сум, но имам голема резерва поради Франција

Редакција

Убава вест: 278 оздравени од Ковид-19

Редакција