Медицинска сестра од болница во Тула, централна Русија стана онлајн сензација откако поради топлото време на работа се појави во проѕирен скафандер за заштита од корона вирусот носејќи само долна облека, ракавици, и очила, пренесе „Раша тудеј“.
Фотографијата од медицинската сестра ја објавил локалниот медиум „Тулские новости“, што предизвикало огромна реакција на социјалните мрежи.
На пациентите не им пречело како е облечена сестрата, иако не можеле да се воздржат, а да не ѕирнат како изгледа нејзиното тело.
Фото: Тулские новости
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.