еМагазин
Image default
Македонија

Има 32 години: Во градот Струмица евидентиран првиот позитивен на коронавирусот

Денеска е евидентиран првиот докажано позитивен пациент на Ковид-19 во Струмица, информираше директорот на Центарот за јавно здравје, Петре Витанов.

-Се работи за триесет и две годишен струмичанец, кој имал поголем број на контакти и многу се движел. Тој е во добра здравствена состојба, но состојбата е сериозна, бидејќи пациентот имал многу контакти и самиот не знае каде и од кого се заразил, рече директорот Витанов.

Тој апелира граѓаните да не се опуштаат и целосно да се придржуваат до мерките за заштита.

Инаку, порано беа евидентирани двајца заразени од коронавирусот на територијата која ја покрива Центарот за јавно здравје, во општините Босилово и Ново Село. И двајцата заболени успешно се излекуваа во домашни услови.

МИА/Фото: Општина Струмица

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа уште четворица пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 110

Убава вест: Оздравени уште 16 пациенти од корона вирусот, вкупно 1.367

Регистрирани нови 19 заболени од корона вирусот, од кои 11 во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сиљановска Давкова со двојна предност во однос на Пендаровски

Редакција

МНР потврди, бугарскиот премиер Петков на 18 јануари доаѓа во Скопје

Редакција

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција